Транспорт на животни

 

Живи животни не смеат да се внесуваат во патничките вагони и вагоните за ручање. Ако не е спротивно на посебните прописи, дозволено е внесување во патничките вагони на:

а) мали припитомени животни затворени во кафези, кошари или други погодни пакувања ако можат да се сместат како рачен багаж;
б) мали кучиња ако не им пречат на патниците и ако можат да се држат во скут.

Во вагоните за спиење и вагоните со легла можат да се превезуваат кучиња под услов патникот да има купе на исклучителна употреба, со тоа што за кучето се плаќа половина од редовната возна цена за 2. класа на патничкиот воз.