Специјални понуди

Поволни понуди за патување по Европа се:


Interrail Global билети кои важат во  следниве европски земји: Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Италија, Луксембург, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Ирска, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Турција, на ферибот помеѓу Италија и Грција, кој е во сопственост на Attica Group, и  на Minoan линијата помеѓу Италија и Грција.

Билетите Interrail Global Pass можат да се користат за ,,континуирано“ патување за следниве временски периоди:

за 15 и  22 дена и за 1 месец

за 5 дена во 15 дена, 7 дена во 1 месец, 10 дена во 1 месец, 15 дена во 1 месец

Билетите за понудата  Interrail One Country Pass овозможуваат избор на европска земја на патување. Овие билети може да се користат за следниве  временски периоди:

  • 3 дена во рамки од 1 месец
  • 4 дена во рамки од 1 месец
  • 6 дена во рамки од 1 месец
  • 8 дена во рамки од 1 месец

Цената на билетите е по категорија на возраст: за деца, млади, возрасни и за сениори

Понудата, Balkan Flexipass, овозможува патување по поволни цени на територијата на: Бугарија, Романија, Грција,Турција, Црна Гора,Србија и Македонија.

Овој билет има важност од:

  • 5 дена во рамки од 1 месец
  • 10 дена во рамки од 1 месец
  • 15 дена во рамки од 1 месец

Цената на билетот е по категорија на возраст: за деца, млади, возрасни и за сениори

Заедничките патувања ќе Ви бидат попријатни и поевтини користејќи ја понудата CITY STAR. Оваа понуда важи за релациите: Македонија-Австрија, Македонија-Хрватска, Македонија-Словенија, Македонија-Чешка и Македонија-Словачка.
Овие возни билети важат 1 месец.
CITY STAR понудата овозможува патување во група од најмногу 5 патника. На еден патник му се пресметува редовна цена, а на неговите сопатниците им се наплатува половина од таа цена, додека ако еден од патниците е дете, се наплатува четвртина од редовната цената.

 

Во меѓународниот патнички сообраќај постојат повеќе понуди меѓу кои се:

 

За патниците кои патуваат во Србија, постојат повластени патувања по Тарифа СТ-20, како и понудите: СРБИЈА СПЕЦИЈАЛ која важи за поединечни повратни патувања за 2 класа за релациите:

 

Скопје-Белград-Скопје

Скопје-Ниш-Скопје,

 

со останатите Балкански земји се користи Тарифата СТ-20 за превозници на Југо-источна Европа.