Превоз на велосипеди

Дирекција на Патнички сообраќај одлучи од 01.08.2016 година велосипедите повторно да се примат на превоз.

Превозот ќе изнесува 177,00 денари од велосипед.

Бидејќи техничките можности и услови во возовите на МЖ Транспорт не соодвестуваат со посебен простор за превоз на велосипеди, а со цел да се задоволат потребите на патниците, превозот на велосипеди ќе се ограничи по вид на возови како следи:

ЕМВ 412:

- велосипедите се внесуваат каде што има ознака за велосипеди,

- бројот на места е ограничен, најмногу 8 велосипеда.

 

ДМВ 712:

- велосипедите се каде што има ознака за велосипеди,

- бројот на места е ограничен, најмногу 5 велосипеда.

За возовите во кои се дозволува превоз на велосипед во воз, патникот сопственик на велосипедот треба да биде во близина како би реагирал да го тргне истиот во случај на влез на лица со посебни потреби и сместување на инвалидска количка.

За бројот на велосипеди кои се внесуваат во воз одлучува на лице место кондуктерот, кој предност ќе овозможи на лицата со посебни потреби кои се превезуваат со инвалидски колички. Доколку овој простор не е искористен, во возот ќе се прими на превоз велосипед.

Наплатата за превоз на велосипед ќе ја извршува кондуктерот во воз.

 

За возовите со серија ДМВ 711 и ЕМВ 411 ќе се разгледа можноста за дозвола на ограничен превоз на велосипеди и дополнително ќе се донесе одлука.