Човечки ресурси

Најважниот ресурс и сила на МЖ Транспорт АД Скопје се нашите вработени.Основен став во стратегијата на менаџерскиот тим е дека при спроведување на целите главен двигател се човечките ресурси. Тргнувајќи од карактерот на дејноста на нашата компанија која бара безбедност и сигурност при превоз на стока и патници , потребно е континуирано јакнење на доверба и соработка со клиентите .За остварување на истото се наложува следното:

  • Постојана потреба за унапредување на знаењето на нашите вработени
  • Постојано образование,развој ,оцена на перформансите и наградување.
  • Унапредување на односите меѓу вработените и работодавачот преку колективни преговарања, почитување на законските прописи од областа на трудот и работните односи.
  • Унапредување на работните услови,програми за намалување на стресот,намалување на незгодите и повреди на работа,советување и др.согласно Законот за безбедност и здравје при работа.
  • Проактивен пристап за задоволување на потребите на нашите вработени и нивно мотивирање .

 

Број на вработени по подружници

Структура на вработени по подружници