Ремонт

 

 

Работната единица, Инвестиционо одржување, составен дел на МЖ. Транспорт АД. - Скопје, Подружница за влеча и одржување на влечни средства, во својата функционална поставеност, извршува специјализирани видови поправки на влечните средства и функционира како еден вид на Ремонтен субјект, кој ги изведува следните работи:

 

Поправка од голем и среден обем (ремонт) на дизел и електрични локомотиви од серија 661, со заокружен систем на фазни постапки;

Ремонт од голем и среден обем на електрични локомотиви од серија: 441 и 461;

Пренабивање на сите локомотиви и моторни возови кои се во возниот парк на МЖ Транспорт АД - Скопје;

Ремонт на лесни дизел мотори за сопствени потреби;

Ремонт на компресори за сопствени потреби;

Ремонт на мали и големи електрични машини за сопствени потреби;

Плански и вонплански поправки на сите влечни средства, сопственост на МЖ Транспорт АД - Скопје.