Историја на МЖ

 

Железничкиот систем на просторот на Република Македонија егзистира од далечната 1873 година. Со пуштање на пругата Солун – Скопје. Македонските железници Транспорт АД - Скопје се членки на УИЦ и е прифатена целосната легистатива на УИЦ и КОТИФ.

 

Согласно уредбите на ЕУ Македонските железници ќе се трансформираат во една современа транспортна организација која во рамките на Македонија, но и пошироко ќе ги понуди своите транспортни услуги за превоз на стока и патници.

 

Во процесот на трансформацијата и изборот на моделот вклучени се Владата на Република Македонија и Светската банка.

 

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Во моментов вработени се околу 1296 вработени. Од инфраструктура поседуваме 699 км пруга. Македонските железници Транспорт АД - Скопје поседуваат 1525 товарни вагони, 75 патнички вагони, 40 дизел и 16 електро локомотиви. Покрај тоа во возниот парк има 11 дизел моторни возови и 4 електромоторни возови.

 

На тој начин железнициата е подготвена целосно да ја подмири потребата на македонското стопанство и потребите на регионот во превозот на стока.

 

Македонските железници Транспорт АД - Скопје се подготвени за комерцијална соработка со големите корисници на железничкиот сообраќај на кои им се нудат и посебни бонуси. Исто така отворена е за соработка со другите железници и странски компании.